Светски деликатеси на кулинарското шоу во Скопје

На 2 октомври во Скопје започнува кулинарското шоу „Ајс-фестивал 2017“.  Креативен настан кој ќе се одржува во хотелот „Мериот“ и на кој ќе учествуваат готвачи целиот свет. Скопјани ќе може да уживаат во кулинарските рецепти и делиции на шест мастер-шефови на кујна од светот. Рецепти од Германија, Турција, Кина, Белгија, Франција, Чиле и од уште многу други земји ќе бидат претставени пред љубителите на добрата храна.

Идејата за „Ајс-фестивалот“ во Скопје е по иницијатива на познатиот готвач и шеф на кујна Марк де Јонг, кој сака во Македонија да донесе нешто поинакво и креативно. Идејата е да се направи едукација, да се развие туризмот во Република Македонија споделувајќи рецепти и деликатеси буквално од целиот свет.

„Ова е настан кој ќе прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година. Настанот ќе има и хуманитарна нишка. Се обидуваме да направиме инклузија на луѓето со посебни потреби, кои треба да се приклучат во секој сегмент на живеењето, а особено кулинарството е домен во кој секој може да биде вклучен“, вели Александра Пановска од „Брза кујна“ на денешниот прес. Фестивалот ќе трае до 8 октомври.

Љ. Владимиров

Scroll to Top