Тенисерот Грнчаров тврди дека имал мозочен удар

Дарко Грнчаров, тенисерот за кој американските медиуми први јавија дека не постои и дека е лажно име зад лажен профил, повторно го активираше фејсбук-профилот.

„Која срамота е некој ненормален познат ‘новинар’  од Њујорк кој работи за најдобрите портали, денес објавил дека сум си направил кариера – кариера која уште ја немам започнато, немам играно со ‘Лажно добиен мозочен удар’. Јас сум си лажирал удар и со тоа сум ги прелажал Мартина Навратилова и Серена Вилијамс кои ми пружаа поддршка па и цел тениски свет. Што е уште пожално ова се распространи насекаде и сега сите се двоумат како ли сум излажал да ми веруват сите дека сум бил на смртна постела со добиен мозочен удар“, е дел од објавата на профилот.

Профилите на Грнчаров вчера вечерта беа деактивирани. Тој имаше покана да гостува во студиото на „Репортер“, но ја откажа неколку пати. По објавата на новиот статус повторно му испративме покана да дојде и јавно да ги демантира пишувањата на американските и регионалните медиуми.

„Срамота! Незнам што се случува со светот ама не е на арно. Кој ме знае, знае низ каков пекол поминав“, стои на крајот на статусот.

До сега, одговор од Грнчаров нема.

Андријана Јовановска

Scroll to Top