„Три билборда надвор од градот“ прогласен за најдобар филм од „БАФТА“

Филмот „Три билборда надвор од градот“ е прогласен за најдобар филм на овогодишното доделување на британските филмски награди „БАФТА“, но неговиот режисер Мартин Мекдонахју му избега наградата за најдобар режија, која ја освои Гиљермо Дел Торо за филмот „Форма на водата“.

„Трите билборда надвор од градот“ ја освои наградата за најдобар филм во конкуренцијата за „Наречи ме по своето име“, „Најмрачниот час“, „Данкирк“, „Леди Макбет“ и „Падингтон 2“.

Американската актерка Френсис Мекдорманд е прогласена за најдобра главна актерка за улогата на мајка која бара правда за силуваната и убиена ќерка во „Три билборди надвор од градот“, а низата награди ја продолжи Сем Роквел, награден за споредна машка улога, полицаец расист на патот на катарзата.

Филмот на Мекдонаг е награден во категоријата за оригинално сценарио. Гиљермо Дел Торо, сепак, може да е задоволен со наградата за најдобар режисер за филмот „Форма на водата“, кој доби и најголем број номинации, вкупно 12, а ги потврди оние за оригинална музика и продукциски дизајн.

Наградата за најдобар главен актер ја освои Гери Олдман за улогата на Винстон Черчил во историскиот фим „Најмрачниот час“.

За најдобрата споредна женска улога членовите на Британската академија на филмски и телевизиска уметност ја оценија онаа на Алисон Џејни во биографскиот филм за контроверзната американска лизгачка „Ја, Тонја“.

Најголемата актерска надеж, според нивната оценка, е Даниел Калуја, а за најдобар филм надвор од англиското подрачје е прогласен „Слугинката“ од 2016 година на режисерот Панг Чак-ук, кој е прв корејски филм што ја освоил оваа награда.

За најдобар документарен филм е прогласени „Јас не сум твој црнец“(I Am Not Your Negro), на режисерот Раул Пек.

И лондонската церемонија, како и многу други во светот на популарната култура, особено филмот и музиката, мина во искажување солидарност со жртвите на сексуална злоупотреба #MeToo и Time’s Up. Многу ѕвезди, вклучително и актерките Анџелина Џоли, Џенфер Лоренс и Кристин Скот Томас на оваа церемонија се појавија во црнина.

Претседателката на БАФТА, Џејн Луш, ја отвора церемонијата со сериозна порака дека е важно да се признае дека минатата година била „тешка“, истакувајќи ги настојувањата во рамките на борбата против половата нееднаквост.

„Бевме сведоци на низа храбри објави за малтретирања и сексуално злоставување кои, за наш срам, со децении се одвивале пред нашиот нос“, рече Луш.

Лауреатката Мекдорманд не беше облечена во црно но цитираше реплика од нејзиниот лик, кој според нејзиното признание, има „малку проблеми со прифаќањето авторитети“.

„Сакам, сепак, да знаете дека целосно се солидаризирам со своите сестри коишто вечерва носат црно“, рече американскат актерка.

 

 

 

Scroll to Top