Цеца со голем концерт за 30 години кариера

В година Цеца Ражнатовиќ ќе прослави 30 години од почетокот на музичката кариера и на својата публика ќе ѝ подари концерт на „Маракана“ во Белград.

Фановите на фолк-ѕвездата уште сега се радуваат на претстојниот концерт и се надеваат дека ќе го соборат рекордот од претходниот концерт кога на „Маракана“ имало над 150.000 луѓе.

„Мора да се собереме над 200.000 луѓе, ние сме армијата на Цеца“, напиша еден од нив.

Точниот датум на концертот сѐ уште не е познат, но се знае дека ќе биде во јуни.

Scroll to Top