Убиецот на Мартин Јанушев бил затвореник пуштен на слободен викенд

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, пишува „Макфакс“, повикувајќи се на извори во истрагата.

Се работи за 25-годишно машко лице кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства. Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.

Дваесет и осум годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи. Тој беше застрелан пред два дена пред влезот на неговата зграда во скопската населба Аеродром. Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите „Маџари Солидарност“ и „11 Октомври“.

Scroll to Top