(видео) Финиш за инфаркт, Македонија е подобра и од Црна Гора

Македнонската ракометна репрезентација успеа да се избори за пласман во понатамошната фаза на Европското првенство, откако ја совладавме репрезентацијата на Црна Гора со 28-29 (16-15) полувреме.

Сега момците на тренерот Раул се лидери во групата Ц, пред Германија која имаше луда завршница во мечот со Словенија.

Во израмнет меч, првото полувреме заврши со негатива за нас од еден гол разлика, но благодарение на нашите најмлади во редовите на репрезентацијата, Филип Кузмановски, Филип Тасевски, успеавме да се извадиме од бездната и во одлучувачките 30 минути, го свртевме резултатот во наша корист.

Сега како првопласирани ќе го чекаме мега-дуелот со Германија.

Почнавме одлично откако поведовме со 4:2, но потоа Црногорците се вратија со серија од 4:0 за да го преземат водството. Дуелот остана израмнет и понатаму, а успеавме да се вратиме до еден гол негатива (10:11), по што на крајот Црногорците имаат предност од 16:15.

По добрата форма, по 20 минути стигнавме до израмнување, по одличната акција на Кирил Лазаров и Талески, пред Георгиевски да постигне гол за израмнување.  Додека во нападот бевме релативно добри, дефанзивата не ни беше најдобра страна, како и формата на нашите голмани.

На стартот на второто полувреме, Црногорците ја одржуваа предноста, а по 35 минути игра имаа и два гола предност (18:16).

Во 47. минута повторно фантастичен потег на нашите репрезентативци, откако Георгиевски фантастично го проигра Филип Лазаров за предност од 23:20, за веднаш потоа Манасков да донесе +4.

Малиот пад на концентрацијата, Црногорците го искористија и со головите на Вујовиќ и Анѓелиќ дојдоа на само еден разлика (26:27), пред Филип Миркуловски, чиј настап беше неизвесен, да ја врати разликата на два гола.

Scroll to Top