(Видео) Сопругата на Макрон стана кума на бебе панда

Првата дама на Франција, Бриџит Макрон, стана кума на првото бебе панда родено во земјата. Таа и претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја посетиле зоолошката градина во Париз, каде што Бриџит имала можност да го запознае своето кумче кому му го дала името Јуан Менг. Бриџит се обидела да ја погали пандата, но не очекувала дека таа ќе скокне.

Машката панда е родена на 4 август и имала сестра, но не успеала да преживее. Родителите на Јуан Менг биле донесени во Франција во 2012 година како знак за затоплување на односите меѓу Франција и Кина.

Scroll to Top