Воведена специјална бродска линија од Охрид за концертот на „Фрајле“ во Градиште

Вечерва во Охрид на плажата Градиште 2 концерт ќе  одржи  новосадскиот состав  „Фрајле“.  За  концертот бродот Александрија 1 ќе воведе специјална линија од Охрид до Градиште. Пoаѓањето ќе биде во 21 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето од Градиште ќе биде во 1 часот по полноќ.

Влезниците во претпродажба  по цена од 500 денари. Цената на повратниот билет е симболична и ќе чини 200 денари. „Фрајле“, четиричлениот женски акустичен бенд од Нови Сад на сцената се појавија во 2009 година.

Scroll to Top