За да прават свадба не смеат да се постари од 35 години

В недела, 24 септември, во селото Куклица, Кратовско, ќе се одржи традиционалната Шопска свадба. Свадбата ќе биде кај локалитетот кај Камените Кукли и ова е трето издание на манифестацијата. Младенците кои треба да се пријават за свадбата не смеат да се постари од 35 години и ова мора да им биде прв брак.

Лани на традиционалната свадба имало околу 2.000 гости. Невестата пристигнала на коњ, а зетот ја побарал за жена од нејзината мајка. Според обичаите, зетот го кителе со пари.

Лани младенци беа Даниела Ангеловска од Кратово и Александар Петров од Неготино, а гостин бил Јацек Мултановски, амбасадор од Полската амбасада, кој бил и кум на младенците.

Организатор на манифестацијата е здружението ,,Етно ризница’’ од Куманово.

 

Scroll to Top