Животни лекции од Лео Меси

Фудбалот денес не би бил тоа што е доколку на светот не му се случеше Лионел Меси. Аргентинскиот фудбалер е херој на многу деца кои токму поради него решиле да ѝ се посветат на најважната споредна работа на светот.

Но, од Меси не учат само децата, напротив, и повозрасните може да се водат од овие негови животни правила.

Не се срами од минатото

Сите знаат дека потекнува од сиромашно семејство и дека токму фудбалот на некој начин му го спасил животот. Поради огромниот талент, Барселона го регрутирала во своите редови, но и платиле за лекот за болеста што влијаела на неговите хормони за раст. Тој ни сега не е највисокиот фудбалер во светот, но без терапијата би бил уште понизок.

Неуспешните не треба да се поголеми од твојот успех

Иако дури четирипати е прогласуван за најдобар светски фудбалер, луѓето не забораваат дека на првиот натпревар за Аргентина на теренот остана само 47 секунди. Ни на повеќето репрезентативни натпревари не е толку силен како кога игра со Барселона. Но, тоа не го демотивира, ниту потпаѓа под влијанието на злобните коментари.

Не преценувај се, никогаш не знаеш што те чека

Лео се води од мотото дека тој што лета високо – ниско паѓа. Никогаш не се нарекол себеси новиот Марадона, напротив, Марадона е тој што го споредува со самиот себе. А Лео игра – од љубов кон фудбалот и желбата за уште една титула најдобар светски играч.

Scroll to Top