Шекеринска: Со злодело и криминал и враќаат на Македонија

Од кај се овие луѓе, што им направи Македонија лошо за вака да и враќаат. Со злодело, со насилие, со криминал. Едно знам, не се човечиња, тие се нелуѓе, рече Радмила Шекеринска, потпретседателката на СДСМ на трибината „Изборен грабеж“ во Универзалната сала.

„ Зад потребата да контролираат се и сешто во Македонија, ние успеавме да го видиме нивниот страв. Оти кога корумпирани луѓе контролираат се, тие се плашат од се, се плашат од граѓаните, се плашат од дебата. И овие денови, повторно излегуваат на скапо платените телевизиски екрани и велат „Верувајте ни!“. На кого треба да веруваме на институциите или на она што го велат „Медрано циркус“. Дали треба да веруваме на нивните реклами кои и денеска не запираат или треба да им веруваме на нашите уши“, рече Шекеринска која беше поздравена со бурен аплуз во Универзалната сала.