13. издание на „Бела ноќ“

На 7 октомври ќе се одржи 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“ и ќе вклучува изложби, концерти, перформанси, бесплатен филмски маратон во киното „Милениум“ и многу музика.

На плоштадот Македонија од 21 часот ќе настапи корејската трупа Tago&АtoBIZ, а ќе се претстават со перформансот „Таго: Корејски тапан 2“, со кој настапувале во целиот свет. Во горното фоаје на киното „Фросина“ ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“ на Катерина Станковиќ-Бјеговиќ, ликовна уметничка, и Јелена Живковиќ, историчарка. На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат Barbarisms, тричлен бенд од Стокхолм, тетовците од бендот „Канкверинг лајон“, „Нинос ду Бразил“, перкусионистичко италијанско дуо.

Во галеријата на МКЦ ќе биде поставена изложбата на графики од Салвадор Дали – „Помеѓу ѕвездите и басните“. Во џебното кино на МКЦ соло настап ќе има Алекс Јонсон од Данска. И годинава градското кино „Милениум“ ќе одржи бесплатен филмски маратон.

Организирано е бесплатно возење во градските автобуси на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови.

Организатор на манифестацијата „Бела ноќ3 е Младинскиот културен центар, а покровител е Град Скопје.

Scroll to Top