Облеката не смеете да ја сушите во затворен простор

Во студените денови повеќето луѓе решаваат облеката да ја сушат дома. Сепак, сушењето облека во затворена просторија е штетно за здравјето.

Облеката испрана во машина може да содржи и до два литра вода, која потоа ќе испари во просторијата. Таа вода може да формира мувла или габички кои не се видливи со голо око, но влијаат на имунолошкиот систем на луѓето. Ова предизвикува тешкотии со дишењето, алергии, астма, кашлица, оштетување на белите дробови. Од оваа причина се советува облеката да ја сушите на отворено или во машина за сушење.

Scroll to Top