Американците не ја сакаат Опра Винфри за претседател

Американците не сакаат телевизиската водителка Опра Винфри да се кандидира за претседател, покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол”.

Анкетата, во која учествувале 1.350 лица и која била направена во периодот од понеделник до среда, покажува дека само 35 проценти од Американците сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година

Ако сепак Опра се кандидира, тогаш, според анкетата, 50 проценти од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39 проценти кои би гласале за Доналд Трамп, во случај дека тој се бори против неа. Другите испитаници немаат став.

Анкетата, исто така, покажува дека 64 проценти од испитаниците имаат генерално позитивно мислење за телевизиската водителка.

Шпекулациите дека Опра Винфри може да се кандидира за претседател се засилија откако таа одржа инспиративен говор на церемонијата за наградите Златен глобус, во кој се заложи за жените злоставувани од мажи.

Scroll to Top