Барселона му понуди доживотен договор на Меси

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау, потврдил дека каталонскиот клуб на својот најдобар играч, Лео Меси ќе му понуди доживотен договор.

„Меси потпиша четиригодишен договор во јуни годинава, но клубот ќе му понуди да потпише доѓивотен договор“, рекол Грау.

„Замислата е Лео, кој тука дојде како дете, да остане во Барселона до крајот на животот, бидејќи е клупска икона. Откако ќе ја заврши кариерата сакаме да остане поврзан со клубот“, дополнил Грау.

Меси на 14 години дојде во Барселона, а од дебито во првиот тим константно ја пишува клупската историја. Аргентинецот со клубот осум пати бил шампион на Шпанија, пет пати го освоил Купот на Кралот, а четири пати триумфирал во Лигата на шампионите. Како играч на Барселона пет пати ја освоил „Златната топка“.

Scroll to Top