Божо победи два тумора со природна напивка

Иако лекарите му давале малку шанси да преживее, Божо Којовиќ од село Горица во Босна одлучил да не се предава.

Тој по десет години борба за живот и операција на дури два карцинома, на грлото и на белите дробови, сега може да здивне.

Со малку надежи за закрепнување тој се информирал за болеста и начините на лекување, попатно не заобиколувајќи ниту еден од народните лекови.

„Сѐ правевме за да му ја олесниме болеста, за да му помогнеме. Што и да слушнев, се подготвував на сите начини за да го извлечеме од смрт“, раскажува неговата сопруга Босилка.

Божо го промени начинот на исхрана, ги остави цигарите и алкохолот, а водата за пиење ја замени со чаеви. Со пропишаните лекови користел и млади цветови од глуварче и мед од нив. Рецептот за лекот од кој Божо оздраве и почна да работи не е тајна, вели неговата сопруга.

Рецептот гласи:

„Корените од глуварче се корнат, треба да се внимава кога се откорнуваат да се извади целиот корен и од него да не истечат соковите. На четири литри вода ставам една рака корени, тоа се загрева до вриење, само една минута. Се остава да стои десетина минути и потоа се процедува. Течноста се пие со една лажичка мед од глуварче“, изјави Босилка.

На сите што заболеле од оваа опасна болест Божо им порачува да ги слушаат советите на лекарите, но и да земаат природни лекови.

 

Scroll to Top