На Британката Ема ѝ ги отстраниле двата јајчника, но ѝ пораснал нов

На Британката Ема Гетволдстен (26) ѝ ги отстраниле двата јајчника, но ѝ израснал нов, нешто што претставува вистински медицински феномен. Нејзиниот случај е прв од ваков вид во Велика Британија.

Ема на 18-годишна возраст донела тешка одлука за да ѝ ги отстранат двата јајчника, а по три години, телото поради високото ниво на хормонот естроген успеало да произведе нов јајчник. Ваквата реакција се случила поради ткивото што останало од претходно отстранетите јајчници.

Се работи за синдром на остатокот од јајчник што се јавува кај еден на милион случаи, пишува „Дејли мејл“.

Новоизраснатиот јајчник бил целосно функционален и имал довод во крвта поради што повторно трпела болки кои ги ублажувала со силни лекови, па дури и морфиум. Поради тоа, морала да го отстрани и новиот јајчник, но операцијата не успеала.

На контролниот преглед три недели подоцна се покажало дека во новоизраснатиот јајчник се наоѓа голема циста, која настанала поради лузните од пречестите операции.

Поради стравот од дополнителни компликации, лекарите ѝ препорачале понатамошно лекување во специјализирана клиника во Атланта, во американската држава Џорџија.

По пат на интернет Ема собрала над 30.000 фунти за лекување во САД, каде што во септември минатата година ѝ ја отстраниле цистата во јајчникот.

„Да не ме оперираа, веројатно не би го доживеала Божик. Уште закрепнувам и се надевам дека набргу ќе се вратам на работа. Ги советувам сите жени да побараат лекарска помош ако чувствуваат нешто дека не е во ред со нивното здравје“, порачала Ема.

 

 

 

Scroll to Top