Британскиот брод „Кралица Елизабета“ пропушта по 200 литри вода секој час

Новиот британски носач на авиони „Кралица Елизабета“, вреден повеќе од три милијарди фунти, пропушта вода поради лошиот заварен дел на плочата. Ова било утврдено за време на пробната пловидба, пренесуваат британските медиуми.

Како што наведува Би-би-си, идната гордост на британската морнарица, поради ваквиот недостаток пропушта по 200 литри вода секој час.

Портпаролот на британската кралска морнарица изјави дека бродот ќе биде поправен и дека ваквиот недостаток нема да биде пречка за бродот да заплови на почетокот на наредната година.

Носачот на авиони, вреден 3,1 милијарди фунти, има проблем со еден од отворите за пропелерот, и тоа е причина за поправката што ќе биде извршена во Портсмут.

 

Scroll to Top