Британско училиште ги поддржува трансродните ученици

Со забраната наводно се избегнуваат вознемирувањата на младите кои сè уште го доведуваат во прашање својот пол.

Управата на британската Граматичка школа за девојки Altrincham, сместена во Манчестер, одлучила да користи родно неутрален јазик како обврзувачки.

Конкретно, во комуникацијата со децата и нивните родители повеќе не се користат зборовите девојче и девојка, туку само неутралниот израз ученици.

Според британскиот весник „Дејли мејл“, пресудила желбата за рамноправно училиште, кое се смета за едно од најдобрите во целата земја, кое има цел во целост да ги почитува правата на трансродните деца.

Школата не објавила колку од 1.350 ученици од женски пол се чувствуваат како машки. Но, во писмото упатено до родителите директорот Стефани Гил објаснила:

„Се одлучив на таков чекор поради тешкотиите со кои се среќаваат учениците што поставуваат прашање за својот роден идентитет или всушност не се чувствуваат девојки“.

Таа објаснила дека нема да се менуваат правилата кои им забрануваат на децата да се запишуваат во таа школа.

„Дејли мејл“ го цитира еден од татковците на учениците во тоа училиште.

„Кога го отворив писмото што дојде од тоа училиште, на почетокот не бев сигурен дали се работи за шега или не. Мислам дека тоа некогаш е некој вид нарушување. Разговаравме за различноста, а тоа е училиште исклучиво за девојчиња“.

„Британското Национално здружение за рамноправни школи, со поддршка на Министерството за образование, истапило со препорака до сите училишта униформите на момчињата да бидат направени со максимално бесполов изглед за да се избегнат стереотипи поврзано  со полот.

Минатата година во училиштето Oxfordshire High School професор по математика ја изгубил работата затоа што на своите ученици, меѓу кој бил и еден трансгендер, рекол:

„Извонредно, девојки!“

Минатата година Министерството за надворешни работи на Велика Британија упатило иницијатива до Обединетите нации во сите свои документи изразот „жени во друга состојба“ да биде заменети со изразот „луѓе во друга состојба“, пишува британски „Мирор“.

 

 

 

 

Scroll to Top