Човекот кој имал 256 години, пред смртта одлучил да го прекине молчењето

Запознајте го Ли Чинг Јуен, човекот кој живеел неверојатни 256 години, што го потврди и самиот Њујорк Тајмс.

Доказите за долговечноста на овој човек се наоѓаат на страниците на споменатиот весник, каде во еден од текстовите на професорот Ченгд од Универзитеот Ву Чунг Чијех, пишува дека Кинеската царска влада во 1827 година, му го честитала 150 роденден на Ли Чин Јуен, за да во истиот тој документ од 1877 година, бил пронајден и во него се гледа честитката на неговиот 200 роденден, и каде многу негови сограѓани сведочат за неговата долговечност.

Според нивните сведоштва пронајдени во архивите на кинеската влада и медиумите, Ли Чинг Јуен својата кариера на хербалиста ја започнал кога имал само 10 години, откако почнал да ги проучува билките за долговечност и ги применувал благодетите на себе. Цели 40 години тој преживувал на билките како што се лингзи, „гоџи бобинки, див џинсенг, гота кола и многу други додека редовно пиел и оризово вино.

Научил да чита и пишува во добата од 10-та година кога почнал да патува низ Канса, Шанси, Тибет, Анаму, Сијами и Манџурија собирајќи и проучувајќи ги билките. Првите 100 години работел на ова за да потоа мине на продавање на билките, пишува world.parhlo.com.

Според еден од неговите потомци, постоел уште еден стар човек, кој живеел дури 500 години, а кој Лија го научил на техниките на Чи кунг, кој се користат во кинеската медицина и претставуваат координација на различни шеми на дишење со разни физички ставови и движења на телото.

На својата смртна постела Ли ја кажал едноставната реченица.

„Направив се што можев за овој свет.

Оваа реченица многумина ги навела да се запрашаат што е тоа што овој неверојатно долговечен човек сакал да го каже. Дали сите тајни за долговечност се наоѓаат во природата?

Кога го прашале кој е неговиот рецепт за долговечност, тој рекол:

„Нека срцето ви биде мирно, седете како желки, движете се исправено како пингвин, и спијте како куче.

Ли, со ова мислел токму на одржувањето на мирот и рамнотежата во умот, на редовно вежбање на техниките на дишењето и користењето на билките кои нашиот организам го прави поздрав и поиздржлив. Како Ли изгледал пред преку 200 години погледнете на следниот линк:

 

 

Scroll to Top