Дали треба да се туширате наутро или навечер?

Научниците неодамна ја решија дилемата дали е подобро да се туширате навечер или наутро. Всушност, тие велат дека тоа зависи од тоа што сака да постигне секој индивидуалец.

Според нив, туширањето наутро им се препорачува на луѓето со мрсна кожа бидејќи кај нив во текот на ноќта се натрупува маст во кожата, па наутро со туширањето ги чистат порите. Утринското туширање им се препорачува и на оние што остануваат будни до раните часови за побрзо да се расонат.

Тие сметаат дека навечер треба да се тушираат луѓето што страдаат од несоница бидејќи топлата вода ги опушта мускулите и нервниот систем. Сепак, туширањето треба да е барем еден час пред спиење за телото да може вистински да се опушти.

Scroll to Top