ДАМИ, ВНИМАВАЈТЕ: Силните менстраулни болки може да се предзнак за неплодност

Ако имате силни грчеви кои ве спречуваат во извршување на секојдневните активности, морате да знаете дека овој вид на грчеви не е многу нормална ситуација.

Голем број на жени ја имаат таа несреќа многу добро да знаат што се менструални грчеви, а само ретките среќници немаат поим со каков проблем остатокот од жените се соочуваат.

Пред да почнете да паничите, постои голема можност или да имате ниско ниво на толеранција на болка или поболна ментруација од просекот, но секако дека на менструалните проблеми треба да обрнете внимание бидејќи тие можат да укажуваат на ендометриоза.

Инаку, ендометриозата е состојба за која е карактеристично ратење на ткиво надвор од матката. Тоа може да биде предизвикано од болни грчеви, непријатности во текот на сексот, а најчеста компликација е неплодноста.

Голем проблем на ендометриозата е тоа што пред нејзиното откривање можат да поминат децении, а може и да се случи и никогаш да не биде откриена. Некои студии покажуваат дека 10 отсто од сите жени имаат ендометриоза, но на најголем дел од нив никогаш не им била дијагностицирана.

Ендомериозата може да се лекува, а иако не мора да доведе до несакани последици како неплодноста, доколку е тоа можно, пожелно е навремено да се открие. Од таа причина ви ја претставуваме листата на симптоми на кои посебно треба да обрнете внимание:

1. Болни сексуални односи или мокрење, грчеви кои не ве мачат исклучиво за време на менстуација и ПМС

2. Грчевите се абнормално силни, доволно силни да ве спречат во извршување на секојдневните активности

3. Веќе подолго време се трудите да останете бремена

4. Ако приметите подобрување во прилика на користење на лекови или пилула за контрацепција, размислете за лапароскопски преглед.

Scroll to Top