Дечињата што упаднаа во Белата куќа ја исплашија Меланија Трамп

Ова е првата прослава на Ноќта на вештерките за Доналд и Меланија Трамп откако се заедно во Белата куќа.Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија приредија забава по тој повод.

Претседателот на САД и првата дама ги дочекаа дечињата кои зборуваа со Меланија додека таа им подаруваше слатки.

Меланија Трамп дури и беше исплашена од страна на едно дете кое се маскирало во диносаурус, што може да се види по нејзиниот израз на лицето. Но, секако, таа само се потруди да учествува во оваа детска игра. На овој начин детето доби признание за најстрашна маска за Ноќта на вештерките.

Доналд и Меланија ги дочекаа овие 6.000 деца од училиштата во Вашингтон, а меѓу нив имало и деца на воени лица.

Белата куќа била украсена со пајаци, лилјаци, тикви и други детали што се карактеристични за Ноќта на вештерките.

Овој обичај Белата куќа го слави уште од 20-тите години од минатиот век.

Видете го видеото:

Scroll to Top