Десет земји во кои живеат најзгодните мажи

Травел блогерката Глориа Атанмо го прошетала светот, посетила пет континенти и 43 земји, па на нејзиниот блог направила листа на земји каде што ги сретнала најзгодните мажи. На листата ја нема Македонија, но се наоѓаат земји од соседството.

10. Куба

Кубанците ја воодушевиле со нивната боја на кожа и очи.

„Без разлика дали ги среќавата на улица или ви ги покажуваат нивните танцови способности, тие го знаат патот до женското срце“, напишала Атанмо.

9. Грција

И Грците ја воодушевиле со темниот тен и бујната темна коса, но ги забележала и нивните навежбани тела.

„Грците се прекрасни и би ве излажала доколку ви кажам дека таму се враќам само поради вкусната храна“, тврди таа.

8. Мароко

„Доколку ве нема бакнато Мароканец, вие не сте живееле“, раскажува Глориа и додава дека Мароканците ја освоиле со нивните очи.

7. Израел и Палестина

„Не е до нивните густи бради и топли насмевки, туку до искрените зборови и страствениот тон“, раскажува таа и тврди дека во овој дел од светот се наоѓаат најинтригантните типови на убавина.

6. Шпанија

Шпанците ја освоиле со страстниот танц кој го споредува со предигра со облека.

„Еднаш запознав еден толку згоден Шпанец што кога ме праша од каде сум само го извикав своето име“.

5. Италија

„Најголемиот дар од Бога на Земјата“, вака ги опишува Глориа заводливите Италијанци кои ја воодушевиле со самодовербата и харизмата.

4. Германија

Германците ги опишува како машки со строг изглед, но тврди дека тоа ги прави неверојатно секси.

„Имаат одличен вокабулар и образовани се“.

3. Србија

Србите ја освоиле со висината и лицата кои требало да ги осигураат. Глориа раскажува дека и Србинките се многу убави жени, но дека Србите се милина за гледање. Таа тврди дека имаат одлична смисла за мода и дека нивниот нагласок е секси.

2. Шведска

„Швеѓаните се познати како презгодни манекени, но во исто време се срамежливи и скромни“, пишува блогерката.

1. Аргентина

Најмногу ја воодушевиле Аргентинците.

„Латино страст помешана со европска класика“, ги опишува Аргентинците и додава дека тие биле логичниот прв избор.

Scroll to Top