Дете сакало да изврши нужда, а во школката го дочекала огромна змија

Замислете ја ситуацијата. Одите во домашниот тоалет, а таму ве чека – кралски питон. Всушност, тоа му се случило на едно петгодишно дете од англискиот град Саутенд.

Веднаш ја викнало својата мајка, која повикала стручни лица за змии. Тие набрзина ја извадиле змијата од веце-школката и процениле дека наскоро ќе закрепне.

– Школката ни беше затната неколку дена, а јас не знаев зашто – вели Лаура Ковел, сопственичка на куќата. Питонот по вадењето од веце-школката бил потресен, стручните лица од продавницата за домашни миленичиња Scales & Fangs откриле дека ова им е прв ваков случај во 10 години работа.

Бидејќи канализациските цевки во квартот се поврзани, питонот лесно завршил во школката на семејството Ковел.

Стручните лица го однеле во својата продавница и таму ќе се грижат за него до целосно закрепнување.

Кралскиот питон не е толку многу социјален, но доколку се навикне на својот сопственик, со него можете да работите без поголеми тешкотии. Потребно е да се нагласи дека може да биде и агресивен доколку смета дека е загрозена неговата територија.

Scroll to Top