Девојки и студенти викале и плачеле по Ким Ѓонг-ун

Стотина девојки во публиката од сѐ срце му аплаудирале на Ким Ѓонг-ун кога лидерот на Северна Кореја го посетил реновираниот учителски тренинг-центар во Пјонгјанг.

Центарот беше преполн со студенти и вработени што се собрале во салата.

Некои од девојките дури и врескале и плачеле од среќа додека тој шмеќарски им се насмевнувал.

Ким во друштво на своите соработници од државниот врв фрлил поглед кон базенот во кој тренирале репрезентативките на Северна Кореја.

Потоа ги посетил аудиториумот и администрацијата, а присуствувал и на едно од предавањата.

Фотографиите од лидерот на Северна Корјеа биле објавени истиот момент кога американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја предупредил својата земја од опасноста од напад од страна на Пјонгјанг.

Колку Корејците го обожаваат својот лидер, најдобро говори податокот дека наводно проголтуваат сѐ што режимот ќе им сервира, па дури и тоа дека Ким може да ги контролира времето и природата.

Тамошните агенции неодамна објавиле слики на кои Ким Ѓонг-ун стоел на врвот на една планина во лакирани чевли.

„Ова беше убав и сончев ден без преседан. За него е заслужен нашиот командант кој ја контролира природата“, објавила тогаш агенцијата KCNA.

 

 

Scroll to Top