Дијамант на Државна лотарија вреден 300 000 денари изгребан во Капитол Мол

Уште една добивка од 300 000 денари донесе инстант лозот Дијамант на Државна лотарија на Македонија . Б.Ц. од Скопје ,од населба Аеродром, иако не е редовен играч на игрите на среќа,последните шест дена постојано гребел барем по два инстант лоза. Интуицијата му велела дека ќе добие некој повредна добивка,па така секој ден го посетувал штандот на Државна лотарија на Македонија лоциран во Капитол Мол. Вчера во недела (11.02.2018) повторно купил два лоза,од инстантот ДИЈАМАНТ . Вториот лоз, веќе во втората шанса за добивка го открил симболот  (прстен), кој пак  му отворил поле за добивка вредно 300.000 денари. Инаку Б.Ц. за игрите на среќа вели дека знае бидејќи постојано го гледа извлекувањето на НовоЛото 7/34 на ТВ, но никогаш претходно не играл ниту лото комбинација , ниту пак гребел инстант лоз. Вредната добивка од 300.000 денари дел сака да ја потроши за себе , а дел да  донира  во манастирот Св. Јован Бигорски.

Инаку,инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е член на семејството на инстант лотаријата  од 18.10.2017 година и веќе донесе  многу возбудливи, добитни и интересни приказни.

 

Scroll to Top