Дијамант на Државна лотарија вреден 300 000 денари изгребан во Скопје

Уште една добивка од 300 000 денари донесе инстант-лозот Дијамант на Државна лотарија на Македонија. Двајца млади скопјани кои сакаа да останат анонимни по прошетката низ Скопје Сити мол го забележале продажното место на Државна лотарија на Македонија и решиле да си ја пробаат среќата. Бидејќи на Бадник девојката ја пронашла паричката, решиле таа да купи два инстант-лоза и да си ја проба среќата. Лозовите ги гребеле заедно, но лозот на девојката бил недобитен, а лозот на момчето им донел 300 000 денари. Среќата и добивката им ја донел симболот  (прстен) кој им отворил поле за добивка вредно 300.000 денари. Двајцата млади и така веќе планирале патување во Тајланд, беа пресреќни бидејќи и парите од добивката ќе им послужат за  покомотно и повозбудливо  патување. Инаку, момчето е редовен играч и постојано гребе по некој лоз, а девојката за разлика од него само понекогаш знае да купи по некој лоз. Овој пат ДИЈАМАНТ-от им се посреќи и им ја донесе најголемата добивка од овој инстант-лоз.

Инаку, инстант-лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднократна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е член на семејството на инстант-лотаријата  од 18.10.2017 година и веќе донесе  многу возбудливи, добитни и интересни приказни.

Scroll to Top