Дневен хороскоп за 22 февруари

Овен
Сонцето навлегува во знакот риби и тоа позитивно дејствува на родените на почетокот од овој знак. Подготвени сте да ја обновите соработката со странци. Тоа се однесува и на оние кои се присутни во јавноста или рабoтат во големи приватни или државни компании, а на некој начин имаат чувство дека се ограничени во своите овластувања. Имате многу начини како да го испланирате зголемувањето на приходите, особено во заедничка соработка со некој лав или водолија.

Бик
Ова е еден од напорните денови бидејќи мора да тактизирате со огнените знаци, а вие претпочитате да бидете искрени и да си кажете сè што ви лежи на душата. Родените на крајот од овој знак може да очекуваат пријатна атмосфера во друштво на некој стрелец или лав. Некој смета на вашата поддршка и тоа ве прави да се чувствувате доминантно. Во астролошкото поле на бизнисот Месечината ви носи сјајна можност за напредок, за некој договор, а посебно со лицата кои се популарни во јавноста. Можен е повик од некој јарец или стрелец во врска со проширување на соработката.

Близнаци
Подготвени сте за нови работи, за промени, сакате да се случи нешто што ќе ви обезбеди можност да покажете колку сте способни брзо да реагирате. Близнаците кои подготвуваат испити или оние кои се обидуваат да добијат стипендија во странство ги чека пријатно изненадување. Ако сте во повозрасните години или сте решиле да почнете со политичка или дипломатска кариера, или се занимавате со спорт, поставете се ладнокрвно, а вашите мисли нека бидат рационални.

Рак
Денеска ќе бидете поголеми оптимисти од вчера. На работа очекувајте убаво изненадување. Ќе добиете нови задолжувања кои ќе бидат поинтересни од претходните. Кога работата е во прашање, на партнерот можете секогаш да се потпрете. Финансиските проблеми ви создаваат грижи, но работата ќе ви донесе профит на кој не се надевавте.

Лав
Многумина не сакаат да ве видат успешни, и ако би биле во можност да ги прашате зошто, нема да знаат да ви одговорат. Можеби ќе бидете изложени на жестока љубомора на некого од партнеровата средина, иако со ништо не сте го заслужиле, а и со деловниот партнер имате одлична комуникација. Не обрнувајте внимание на озборувањата, наскоро сите тие луѓе кои ве озборуваат, а за кои и самите знаете, ќе се покајат за стореното. Имате можност за солиден профит во наредниот период.

Девица
Можеби следните два дена ќе се обидете некои ваши замисли и идеи најпосле да ги реализирате, односно да соберете сила за нивна реализација. Како и секој почеток, работите ќе одат со тешкотии, со несигурност, па со оглед на вашата структура на знакот може и многу лесно да се откажете. Совет е сепак да не го правите тоа, бидејќи доста одложувавте, па сторите малку поголем напор и работите сепак ќе мрднат од нулата. Денес сте грижливи и прецизни во деловните активности, а меморијата да кажам застрашувачка.

Терезија
Можеби ќе се изненадите во следните неколку дена како некои личности кои сте ги сметале за прилично пониско во некоја смисла од вас, образовно, интелектуално, можат да ви манифестираат вистинска грижа и да ви помогнат со ширина што нема врска со вашите концепции за нив.

Скорпија
Идејата или решенијата кои сте ги одбрале претставуваат добар деловен избор. Потребно е да се ангажирате на различни страни и да докажете дека поседувате силни практични можности. Потребно е да се договорите со соработниците околу уважувањето на различни деловни интереси, употребете ги своите дипломатски манири. Потрудете се да ги почитувате својот дел од договорот и обврските. Пофалбите што ги добивате од луѓето дејствуваат поттикнувачки за вас.

Стрелец
Важно е да го оправдате својот деловен углед во средба со соработниците. Понекогаш различни обврски претставуваат голем товар, но не можете да имате убедливо оправдување или изговор. Поттикнувате кај себе поголема одговорност. Нема потреба да барате ново олеснување или заобиколно решение. Работата што ве заморува треба да ја завршите во најкратко можно време и без надмудрувања во дијалогот со соработниците. Секогаш постои добро решение.

Јарец
Поволната можност на деловна сцена најчесто ја проценувате врз основа на нејзината практична примена или употребна вредност. Ве интересираат конкретните резултати, а не нечија приказна или големи ветувања без никакво покритие. Бидете упорни во своите намери. Имате лошо претчувство во исчекувањето на нечиј одговор или на завршниот расплет на деловна сцена. Избегнувајте сомнителни понуди и деловни преговори со непознати личности.

Водолија
Некој ги оспорува вашите идеи, не дозволувајте моменталната ситуација лошо да се одрази на вашата концентрација. Потребна ви е позитивна ориентација и подобра смисла за деловно преговарање. Изгледате загрижено бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Поради различни деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение.

Риби
Подготвени сте на некакви отстапки за нешто за кое досега не сте размислувале. Гледате излез од ситуацијата во која долго време се чувствувате немоќни. Чувството дека зависите од други лица ве спречува да размислувате рационално за својата положба. Можен е разговор со колега за некој нов проект, со некој кој има слични интереси како вас. Ќе добиете повик од некој кој ви е особено симпатичен.

Scroll to Top