Една од најскапите жени уметници живее во психијатриска болница

Јајои Кусама e Јапонка која иако живее во психијатриска болница, секојдневно работи од 9 до 16 часа и се смета за вистинска авангарда на денешницата.

Таа веќе четири децении, по сопствен избор, престојува во психијатриска болница во Токио, а нејзиното студио каде што твори се наоѓа во близина. Лекарите  ѝ дозволуваат слободно да ја напушта болницата и да оди во ателјето, каде што создава вистински ремек дела, поради што денес се смета за една од најскапите жени уметници.

Порталот „Артнет“ неодамна објави листа на живи жени уметници чии дела достигнуваат највисоки цени, на која се најде и ексцентричната Јајои Кусама.

Таа работи од 9 до 16 часа секој ден, а „точкастиот свет“ на Јајои е многу познат во светот. Од неодамна отворен е нејзин музеј во центарот на Токио.

Кариерата ја почна во 60-тите години на минатиот век во САД. Во нејзиниот опус се слики во разни формати, инсталации, скулптури и слично.

Таа и денес на настаните се појавува во автентично издание, со перики во силни бои, фустани со точки и шалови.

Scroll to Top