Емили цела година се хранела со ѓубрето во маркетите

Замислете си бесплатно овошје, зеленчук, леб, сладолед, чоколадо и голем број хранливи продукти. Секој ден на вашата трпеза. И сето тоа без да потрошите скршен денар.

Токму ова ѝ се случило на една австралиска двојка, која секој ден ја собирала храната што требало да заврши како отпад. Маркетите во градот ја фрлаат секоја храна со поминат рок.

Нема да поверувате што сѐ се фрла во Австралија и во колкава количина. Врвно квалитетна храна завршува во ѓубре, иако таа може да се јаде без никакви последици врз вашето здраво.

Ова го тврдат Емили и нејзиниот партнер Дерек, кои на почетокот имале мали недоразбирања за тоа дали треба на ваков начин да се прехрануваат. Нејзиниот партнер на почетокот сметал дека Емили треба да престане на овој начин да го собира отпадот од маркетите.

Емили имала поинаква замисла и на крајот го убедила дека може да заштедат голем дел од буџетот доколку продолжат на овој начин да се прехрануваат. Па, дури е и поздраво.

Емили имала поинаква замисла и на крајот го убедила дека може да заштедат голем дел од буџетот доколку продолжат на овој начин да се прехрануваат. Па, дури е и поздраво.

Голем број видови чоколада, гајби пиво, соленки, сладолед, па дури и кавијар, сето тоа завршува во отпадот од маркетите, иако сосема е безбедно тие да се јадат.

Кај нас ситуацијата ништо не е поинаква. Речиси 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира. На крајот завршува во отпад, а ја фрлаат големите трговски синџири и потрошувачите.

Само на скопската депонија „Дрисла“ годишно завршуваат 1.730 тони храна, а споредувајќи според населението и генерирањето отпад на жител по региони, во цела Македонија овие бројки се минимум 5.000 тони храна што се фрла на депонија.

Половина од храната што се произведува во светот се фрла во ѓубре. Според истражувањето на британскиот институт за машинско инженерство, се работи за околу две милијарди тони храна годишно.

Според истражувањето, неверојатното количество фрлена храна се должи на непотребно строгото ограничување на датумот на употреба, специјалните понуди „купи едно – добиј едно гратис“ и на пребирливоста на западните купувачи.

Вина се бара и во слабите инженерски и земјоделски практики, лошата инфраструктура и несоодветните складишта. Истражувањето покажало дека 30 отсто од зеленчукот произведен во Велика Британија воопшто не се бере поради неговиот физички изглед.

Scroll to Top