Филмот „Ема“ прогласен за најдобар хорор филм во 2017 година

На Третиот меѓународен непрофитен фестивал на страшни филмови за најдобар хорор во траење од 15 секунди прогласен е филмот „Ема“ на режисерот Даниел Лимер.

Во жирито кое му ја додели првата награда на Лимер биле актерките Бони Аронс, Аманда Вајс, Барбара Магнолфи и Ејми Стил.

Ако сте доволно храбри, изгледајте ги петнаесетте секунди „Ема“.

Минатата година во истата категорија победи „Балкон“ на Крис Кронин.

Во 2015 година, пак, стравот го чувствувавме со „Приспивна песна“ на Мајкл Хориган.

Scroll to Top