Флексибилниот Galaxy X ќе биде најпосакуван паметен телефон

„Самсунг“ ќе го промовира флексибилниот Galaxy X и од компанијата очекуваат ова да биде најпосакуваниот паметен телефон од нивната понуда. Овој телефон ќе се продава во ограничен број земји поради што „Самсунг“ ќе може да ја тестира деби-верзијата на паметниот телефон пред мала публика. Во случај на неуспех производството лесно може да се запре, а ако го постигне очекуваниот успех, тогаш ќе почне да се продава во целиот свет.

Ова не е првпат „Самсунг“ на овој начин да ги тестира новите телефони. Тие веќе го направија ова со заоблениот Galaxy Round.

Scroll to Top