(ФОТО) Снег го побеле селото, мештаните не паметат дека нешто слично се случило

Силен град кој вчера го погоди ова подрачје, траел цел час и направил прилично голема штета на земјоделската површина, но и на патната инфраструктура.

Мештаните на селото Мештревица, на 1.300 метри надморска височина, навикнале да живеат со снего во текот на целата година, но белиот прекривач среде лето и нив ги изненади.

Најстарите мештани велат дека не паметат ваква летна непогода.

Страдал зеленчукот, особено компирот кој не може а се препознае каде бил насаден, а локалниот пат штотуку направен, сега е скоро непрооден поради градот кој го уништи тампонот.

Scroll to Top