(Фото) Трамп и Нетанјаху се бакнуваат во уста

Уште еден мурал на контроверзниот австриски уметник, познат како Лушакс, се појави на еден ѕид на Западниот Брег во САД. На сликата може да се забележат претседателот на САД, Доналд Трамп, и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.На муралот се гледаат двајцата лидери како се бакнуваат, а над главата на Нетанијаху пишува: „Фала ти за ѕидот, тиквичке Трамп“.

Претседателот на САД му одговара: „Бебо, твојата земја секогаш ќе биде мојата прва љубов“.

Уметникот изјави дека овој мурал е силна порака сама по себе.

„Не морам да напишам ‘Слободна Палестина’ или нешто слично што луѓето ќе го игнорираат. Јас само го сликам она што обично го сликам, можеби луѓето ќе погледнат и ќе ги видат луѓето што се заробени зад ѕидот“, наведе Лушакс.

 

 

 

Scroll to Top