(Фото) Запалено возилото на новинарот Зоран Милошески

Непознати лица синоќа по полноќ му го запалиле возилото на новинарот Зоран Милошески. Преку неговиот фејсбук-профил, новинарот објавил дека возилото со марка „сузуки свифт“ го паркирал во гаражата.

Откако соседите го виделе пожарот, интервенирала противпожарната единица.

„Возилото е целосно уништено.  Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени“, напиша Милошески.

На крајот од јануари минатата година непознати сторители нешто околу полноќ ја беа полиле со бензин и запалиле гаражата на Милошески во Прилеп.

Милишески е новинар и сопственик на порталот „Публикум“.

 

 

 

 

Scroll to Top