(ГАЛЕРИЈА) Во Луксор откриена гробница со мумии стара 3.500 години

Египетските археолози открија гробница која датира од периодот помеѓу 16 и 11 век пред нашата ера. Гробницата е од кралски златар и во неа се пронајдени саркофаг, мумии од жена и нејзините две деца, накит и дрвени маски. Оваа стара гробница е пронајдена во градот Луксор, 700 километри јужно од Каиро.

Според археолозите, трите пронајдени тела се добро сочувани. Мајката починала во 50-тите години од својот живот и боледувала од заболување на коските, а нејзините синови починале во својата 20-та, односно 30-та година од животот. Гробницата се наоѓа на местото каде што се погребувале државниците и благородниците.

Во Египет во изминатите неколку месеци се откриени неколку древни наоѓалишта. Во април беа пронајден осум мумии во грбоница во Луксор, а еден месец претходно во Каиро беше откриена голема статуа која го прикажува кралот Псамтик од 26. династија.

Scroll to Top