Германија има недостиг од квалификувана работна сила

Повеќе од половина здруженија во германската индустрија не се многу загрижени поради американскиот протекционизам и брегзит и покажуваат поголем оптимизам од пред година дена. Ова го покажуваат резултатите од најновите истражувања.

Анкетата на институтот IW, со седиште во Келн, покажува дека 26 од 48 индустриски здруженија се пооптимистични отколку што биле во 2016 година. Повеќе од две третини од компаниите се очекува следната година да произведат повеќе во нивниот сектор во однос на она што го произвеле оваа година.

„И покрај протекционистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп и очекувањата на брегзит, вложувањата во Германија оваа година пораснале, а во 2018 година дополнително се засилени“, се наведува во соопштението на IW.

Недостиг на работна сила

Само два сектора покажуваат песимизам, дрвната индустрија, која е загрижена поради острата конкуренција и високите трошоци, како и поедини делови во банкарскиот сектор, кој е притиснат со ниски каматни стапки и маргини.

Истражувањето на IW покажува дека 24 од 47 здруженија колку што ги објавила проценките на вложувања, очекуваат поголема капитална потрошувача на своите членови.

Најголема сопирачка за компаниите во најголемата европска економија е недостигот на квалификуваната работна сила, констатираат од институтот.

„Можностите за производство во германската економија би можеле да бидат подобри кога на располагање би имале повисоки квалификувани работници“, истакнува директорот на IW, Мајкл Хојтер.

Растот на активностите

Во одвоената анкета направена меѓу 820 компании, каде што мнозинскиот дел е во семејна сопственост, покажува дека 69 проценти од нив очекуваат идната година подобро да дејствуваат на пазарот. Пред година дена таквата проценка изнесувала 59 проценти од нив.

Повеќето економисти очекуваат германската економија идната година да забележи раст на активноста од девет години по ред. Угледниот минхенски институт „Ифо“ прогнозирал дека овој месец економијата ќе има раст од 2,6 проценти, по очекуваниот 2,3 процентен раст оваа година.

 

 

Scroll to Top