Германскиот претседател чекаше во ред за да гласа на парламентарните избори

Вчера во Германија се одржаа редовни парламентарни избори на кои гласаа 61,5 милиони луѓе. Меѓу нив беше и германскиот претседател Френк Волтер Штајнмајер, кој застана во ред и како и секој граѓанин на оваа земја трпеливо чекаше да го стави ливчето во гласачката кутија.

Во Германија е незамисливо челниците на државата да поминат преку ред за да го остварат своето гласачко право. Функцијата претседател во оваа земја е првенствено протоколарна, без некои големи овластувања, а претседателот го избираат пратениците од владејачката партија на државно и покраинско ниво.

Scroll to Top