И ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ: Читателка преку Фејсбук бара медицинско лице од Клиничката болница во Битола

На социјалните мрежи во изминатиот период особено актуелни беа фотографиите од медицинските установи, условите во кои се работи во нив и низата негативни коментари за целиот здравствен систем, но не е се така црно, работите одат напред.

Пациентка од Битола која инсистираше на анонимност до нашата редакција достави информација и благодарница до момче од персоналот на Клиничката болница кој и го спасил животот.

Во пораката до нашата редакција вели дека не постојат зборови со кои може да искаже бескрајна благодарност до медицинското лице од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. На нашата читателка не и беше познато името на момчето, но ни испрати фотографија која ја споделивме со вас. Ова е херојот на денот!

Scroll to Top