Голем вело-пикник на Средно Водно

Во недела, на 17 септември, од 9 до 13 часот на паркингот на Средно Водно ќе се одржи голем вело-пикник, а како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.

Стартот на турата е предвиден за 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС, а по пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците ќе имаат можност да го истражат Водно со велосипед или пеш, да уживааат во музичката програма со диџеј и многу други активности.

Заради настанот, во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.

Scroll to Top