„Гугл“ направи апликација преку која ќе може корисниците да заштедат интернет

Најновата апликација на компанијата „Гугл“ се води со име Datally, со чија помош корисниците на паметните телефони со „Андроид“ ќе може да заштедат голем број мегабајти на својот мобилен интернет.

Со оглед на тоа дека мобилниот интернет во повеќе делови од светот и понатаму е прилично скап, Datally ќе им прикаже на корисниците кои нивни апликации трошат најмногу податоци за пренос.

Покрај тоа што ќе прикажат кои апликации се најголеми потрошувачи на мобилен интернет, корисниците на тој начин истовремено и ќе заштедат, пишува PhoneArena. Datally ќе може да ја прикаже потрошувачката на дневно, неделно и на месечно ниво, но и од час на час.

Кој било корисник да се одлучи да се вклучи на опцијата Data Saver, Datally автоматски ќе ја блокира потрошувачка на мобилниот интернет во заднина.

Корсниците, покрај блокирањето на сите апликации, ќе може да избираат и одделни апликации преку кои ќе може да забранат користење на мобилниот интернет.

„Гугл“ оваа апликација ја тестира неколку месеци на Филипините, а според резултатите до кои стасал, корисниците со помош на Datally ќе успеат да заштедат дури 30 отсто од мобилниот интернет.

Scroll to Top