Хуманитарен базар за бездомни кучиња на 7 октомври

Граѓанската иницијатива за заштита на животни „Кане Корзо Надеж“ кани на првиот хуманитарен базар кој ќе се оддржи на 7-ми октомври 2017г. во Public Room, со почеток од 19 часот.

– Настанот е од отворен карактер и сите кои сакаат животни се поканети да дојдат, да дознаат нешто повеќе за нашиот активизам и со донациите да помогнат на бездомните, велат од иницијативата.

Настанот е поддржан од модниот дизајнер Ирина Тошева, а ќе биде отворен со Fullstop, акустичен бенд, кој со својата музика ќе ги забавува присутните додека трае хуманитарниот базар. Дополнителен придонес за атмосферата на вечерната журка, задолжени се бендовите Closer Joy Division Tribute и BandiX и Dj Flashback, а за најистрајните таму ќе биде и Mitrik (Room 313).

Сите оние кои сакаат да донираат храна, ампули, било каква опрема за кутриња или било што што би можело да биде корисно за бездомните животинки, ќе можат да го направат тоа на обележан дел каде ќе бидат пречекани од активист и запишани во листата на добри и хумани пријатели на Кане Корзо.

Свое учество во настанот ќе земат и хумани уметници кои ќе имаат изложено свои ракотворби од чија заработка дел ќе биде за донација за бездомните животни. Меѓу нив се: Лидија Стефановска, Светлана Ивановска, Марина Јакшиќ, Жаклина Мучева, Соња Димовска, Алма Идризи, Емили Унева, Ангела Стојановска и Неслихан Сулејман.

Исто така, ќе биде изложена и поезијата Еленот слуша виножито, донација од издавачката куќа Три заедно со Магдалена Чапаровска.

Scroll to Top