Илјадници луѓе се гаѓаа со домати

Во шпанскиот град Буњол неодамна е одржан фестивал „Ла Томатина“, каде свое учество земаа повеќе од 20.000 луѓе во традиционалното гаѓање со домати.

Во страв од нови терористички напади, градот Буљол презема дополнителни мерки за безбедност и распореди 700 полицајци.

Традиционалниот фестивал започна со истурање на 160 тони зрел домат на улица, а учесниците меѓусебно почнаа да се гаѓаат во едночасовна борба од забавен карактер. Според правилата на фестивалот, не смеете да користите друг зеленчук освен доматот.

Најголемиот дел од учесниците на себе носеа заштитни очила со цел да се спречи навлегување на течност од домат во очите. Фестивалот чиј корени се во 1945-та година заврши со туширање на јавни тушеви.

Scroll to Top