Исчезнатите планинари на Кајмакчалан пронајдени мртви

Телата на македонските планинари на врвот на Кајмакчалан се пронајдени и тие се извлечени од планината. Според МИА, во моментов телата се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви.

Грчката противпожарна служба ја потврдила веста.

26-годишната Калина Велевска, и момчето чиј идентитет и понатаму не се знае, најверојатно паднале во бездна кога се оддалечиле од групата.

Според извори на „Макфакс“, двете лица биле членови на планинарското друштво „Трансверзалец“. Биле обучени за искачување на големи висини, а Велевска имала и сертификат за водич.

Scroll to Top