„Исцелител“, прв македонски филм во натпреварувачкиот дел на фестивалот во Талин

Македонскиот филм „Исцелител“, со интернационален наслов Secret Ingredient, на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се најде во официјалната натпреварувачка програма на филмскиот фестивал во Талин, Естонија, „Црни ноќи“, кој е домаќин на над 700 делегати од филмската индустрија.

По речиси две години од крајот на снимањето, филмот ќе ја доживее својата интернационална премиера во програмата „Први долгометражни филмови“ и ќе има три проекции за време на фестивалот. „Црни ноќи“ е еден од 15-те водечки филмски фестивали во светот. Фестивалот има три натпреварувачки програми: Официјална селекција, Први долгометражни филмови и Естонски филмови.

Филмот „Исцелител“ е прв македонски филм кој ќе биде прикажан во натпреварувачката програма на овој фестивал. Во филмот играат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ и Симона Димковска. Македонската премиера филмот ќе ја има на 19 ноември на фестивалот „Синедејс“.

Scroll to Top