Итар Пејо од Битола на трибините во Загреб

Дарко Јанкуловски од Битола е момчето кое облечен како Итар Пејо секогаш навива за Македонија. Тој вчера беше во Загреб и од трибините ја бодреше македонската репрезентација.

Облечен во традиционалната македонска носија од мариовскиот крај , инспирацијат ја нашол  од Шкотланѓаните кои дојдоа во Македонија во 2009 година. Тие секогаш се облечени според нивната традиција, па затоа и Дарко решил да го промовира она што го има Македонија.

Прв пат вака бил облечен во 2009 година на Европското првенство во ракомет во Вараждин, потоа, и во Ниш, па на Европското првенство во кошарка во Загреб, потоа следела и Франција, а потоа и за секој натпревар каде и да се игра.

Scroll to Top