Израелскиот композитор напиша Соната за Трамп

Израелскиот композитор Авнер Ханани ја компонирал сонатата за претседателот на САД, Доналд Трамп, „Соната Трамп“, која како композиција најдобро може да се опише како монодрама за видео и клавир, наведуваат израелските медиуми и додаваат дека всушност се работи за мешавина на разни говори на Трамп со клавирска придружба на композиторот.

Сонатата има шест става – „Добро време“, „Љубов“, „Насмевка“, „Изградите ѕид“, „Извинете се“, и „Ќе се вратам“.

„Тоа е обид личноста да се претстави со музички и уметнички средства. Би можело да се рече дека му дадов комплимент, дека музиката што сум ја ставил е атрактивна“, изјави композиторот објаснувајќи му дека понекогаш говорот на Трамп изгледал како скандирање со јасно интервју, а понекогаш било во стил на драматична вокализација меѓу говорот и пеењето, без јасни интервали.

Композиторот признава дека противниците на Трамп би можеле да ја сфатат сонатата како исмевање на претседателот на САД, но тврди дека тоа не му била намерата. Па, сепак, иако признава дека не ја компонирал за некого да насмее, мисли дека не ѝ недостига хумор.

 

Scroll to Top