Каде се крие Марија, сопругата на Пабло Ескобар?

Мито или смрт, или на шпански „Plata o plomo“, е начин на кој Пабло Ескобар ја држел цела Колумбија во раце. Работел со ултиматум кој го поставувал на секој полицаец или било кој ќе му застанел на патот. Во превод, можеле да бираат дали сакаат да направат нешто што Пабло го сака, или да примат сребрен куршум. За неговиот гангстерски живот се знае доста, а тоа што и ден денеска го привлекува вниманието, освен неговите пари, е и неговата сопруга Марија.

Како момче крадел надгробни плочи

Освен кокаинот, за успехот на Ескобар заслужни се и лојалноста, насилието и митото. На тие работи го темелел своето царство, картелот Меделин, кој во текот на осумдесетите секој ден, само во САД криумчарел 15 тони кокаин.

Повеќето се одлучиле за „plomo“, и му овозможиле на момчето од колумбискиот град Рионегро, да во своите раце држи 80 проценти од светската трговија со кокаин. За неверојатниот живот на најпознатиот и најбогат дилер на дрога, во светот, снимени се серијата „Наркос“ која го споулаве светот.

Славниот „Тато Ескобар“

Денеска, дури 24 години по неговата смрт, ЦИА сеуште ги бара неговите тајни залихи, па е лесно да се замисли дека бракот со таков човек, навистина е приказна сама по себе. Дали непрекинатиот водопад на пари кој се сливал, правело да сите околу него бидат премногу уплашени за да му кажат, не, на секое негово барање? Па и не баш.

Имено, додека серијата „Наркос“, можеби ја претставува неговата сопруга Марија Викторија Хенао, како лојална и пресметана партнерка, на својот сопруг, потребно е да се раздвојат реалноста од фикцијата.

Кога знаеш, тогаш знаеш

Додека Ескобар бил син на скромен фармер и учителка, Марија всушност потекнува од доста престижно семејство. Имала само 13 години кога се запознале, а се омажила на 15. Бидејќи била цели 11 години помлада од Пабло, можете да замислите колку нејзиното семејство било воодушевено од целата приказна.

Се обиделе да ги спречат да се венчаат, сметајќи го премногу прост за Марија

Но, таа била тврдоглава и бунтовна, а нејзините зборови подоцна, зошто се омажила, ги прераскажал нивниот син:

„Се заљубив во неговата желба да им помага на другите луѓе и неговата емпатија за тие во невоља. И двајцата се возевме во сиромашни краеви и сонувавме за тоа како ќе градиме школи за сиромашни“.

Од самиот почеток, тој секогаш беше џенталмен. Од тоа може да се заклучи како Марија и не е баш упатена во плановите на криминалното освојување на светот на својот сопруг.

Многу измами

Иако се претпоставува дека се сакале, тоа не значи дека Пабло Ескобар не бркал други жени од страна.

И не само тоа, тој наводно имал бројни афери, вклучувајќи ги оние со многу млади жени. Меѓу љубовниците на кралот на кокаинот, се споменува и новинарката Виргина Валејо, која со него имала врска која траела пет години, а го фалела неговиот шарм, харизма, страст, љубовнички способности, но и неговата крутост во своите мемоари од 2007 година со наслов „Loving Pablo, Hating Escobar“.

Постојано во бегство

По неговата смрт, Марија и нивните деца побегнале во Буенос Аирес, плашејќи се од одмаздата на ривалските нарко картели. Аргентина им дала азил и таа го променила своето име во Марија Изабел Сантос Кабалеро. Пред тоа, семејството отпатувало во Мозамбик, а дури молеле за помош и во Ватикан, но биле одбиени.

Дури и со новиот идентитет, животот во Аргентина не им бил едноставен. Часови откако им бил откриен престојот во оваа земја во 1999 година, Марија и Хуан Пабло се уапсени под обвиение за перење на пари.

Не сакајќи да се одречат од својот луксузен живот и наводните 1 милијарда долари кои ги имале од работата со нарко картелите, тие се извлекле без последици.

Детективите подоцна изјавиле дека ги уапсиле толку рано за да нивните идентитети не бидат разоткриени. Марија, од друга страна, тврдела дека целата истрага и апсење биле политички мотивирани.

На крајот – неизвесност

По случајот во Аргентина, Марија останала некој вид на мистерија. Никој всушност не знае каде е таа денес, што за неа, веројатно е одлична работа. Бидејќи двете нејзини деца и понатаму живеат во Аргентина, постојат добри шанси, да таа сеуште живее таму, притаена, а можеби и оперирана.

Постојат и некои тврдења, дека таа е под друг идентитет, и се преселила во Северна Каролина, во САД. Нејзиното последно појавување во јавноста било документирано во 2009 година, „Sins of mu father“, со кој Хуан Пабло барал искупување за однесувањето на неговиот татко.

 

Велат дека зад секој моќен маж стои, голема жена, но бидејќи таа и 20 години по неговата смрт живее со псеудоним, јасно едека Марија и целото нејзино семејство платиле огромна цена за криминалниот животен стил кој Пабло го избрал.

Повеќе од се, животот на Марија открива дека да се биде жена на гангстер нималку не е до толку гламурозно, колку што се прикажува во филмовите, туку пред се се сведува на вртење на рамењата и криењето во текот на целиот свој живот.

 

Scroll to Top