Како да видите кој ве избришал од социјалните мрежи?

Ако сте вистински љубител на социјалните мрежи, време е да се запознаете со две нови и корисни апликации.

Who Deleted Me е апликација што се користи за откривање на лицата кои ве тргнале од списокот на пријатели на „Фејсбук“ или, пак, во меѓувреме го избришале сопствениот профил на оваа социјална мрежа.

„Фејсбук“ еднаш веќе ја исклучи оваа апликација, но таа повторно се појави. Сега може да се најде како екстензија за пребарувачите Google ChromeFirefoxOpera, а може да се преземе и за Android и iOS-уредите.

Немојте да очекувате дека апликацијата ќе ви ја изнесе и причината зошто некој ве избришал од списокот на пријатели, но ќе ви послужи ако се интересирате зошто наеднаш ви се намалил бројот на пријатели на „Фејсбук“.

Слична работа постои и за корисниците на „Твитер“, а се вика Who Unfollwed Me. Оваа апликација ќе ви покаже кој престанал да ве следи на оваа социјална мрежа.

Scroll to Top